Заев не размислува за оставка
Премиерот Заев не размислува за оставка од морални причини. Вели нема да поднесам , за да дојде Мицкоски на власт. Обвини дека опозицискиот лидер ја користи трагедијата и болката.. Му порача – се додека вака се однесувал ќе губи на избори. За модуларните болници, премиерот дециден безбедни се и градени согласно стандардите...

Премиерот Зоран Заев не размислува да даде оставка од морални причини. Тој во изјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.
„Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи. Сѐ додека вака се однесуваат ќе губат на избори“, изјави Заев по посетата на новата фабрика за кабли во Сарај.
Во однос на понудените оставки рече дека нема дополнителен коментар зашто за тоа, нагласи, секој ден дава изјави. Да ги причекаме форензичките извештаи, нагласи премиерот.
Заев е дециден- модуларните болници се безбедни и градени согласностандардите. Тие се истиот тип како и насекаде во светот. Тие спасија илјадници животи и во моментот во нив се лекуваат околу 200 наши граѓани, изјави премиерот.
Тој нагласи дека проверките во модукарните болници се засилени и дека се контролираат и од противпожарен и од безбедносен аспект.
