ФРАНЦИЈА
Макрон: Убиен е лидерот на Исламска држава во Сахара
16.09.2021 10:44
За смртта на Абу ал-Валид се шпекулираше со недели во Мали, иако немаше официјална потврда од регионот.

Претседателот на Франција Емануел Макрон соопшти дека е убиен лидерот на Исламска држава во Сахара. Според него, ова е голем успех за француските сили кои се бореле осум години против екстремистите во Сахел.
За смртта на Абу ал-Валид се шпекулираше со недели во Мали, иако немаше официјална потврда од регионот.
Исламската група оперира долж границата со Нигер.
