Сечуан
Жртви во силен земјотрес во југозападниот дел на Кина
16.09.2021 11:30
Епицентарот бил во близина на градот Лужоу. Евакуирани се речиси 7.000 лица. Уништени се 737 куќи и над 7.000 згради.

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во земјотрес од 6 рихтери во провинцијата Сечуан, југозападна Кина.
Епицентарот бил во близина на градот Лужоу. Евакуирани се речиси 7.000 лица. Уништени се 737 куќи и над 7.000 згради.
Сечуан беше погоден од земјотрес со јачина од 7,9 степени во мај 2008 година, во кој загинаа речиси 90.000 луѓе.
