Премиерот Заев го пречека косовскиот колега Курти

16.09.2021 12:17

По церемонијата двајцата премиери Заев и Курти имаа тет-а-тет средба. Министрите до почетокот на заедничката седница одржаа повеќе билатерални средби.

Прва заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово во Скопје. Косовската влада во полн состав предводена од премиерот Албин Курти беше пречекана со највисоки почести пред платото на Владата.

По церемонијата двајцата премиери Заев и Курти имаа тет-а-тет средба. Министрите до почетокот на заедничката седница одржаа повеќе билатерални средби.

На седницата треба да бидат потпишани меморандуми и договори за соработка во областа на инфраструктурата, економијата, енергетиката, иновациите и технолошкиот развој, безбедноста, дијаспората и туризмот.