Македонија

Црвениот крст го одбележува Светскиот ден на Првата помош

16.09.2021 13:51

Црвениот крст со координирани активности го одбележа светскиот ден на првата помош. Под мотото „Биди херој во твоето училиште“ се донираа наменски опремени ранци со санитетски материјали и друга опрема за укажување прва помош за 31 средно училиште...

Волонтерите коишто победиле натпревар по Прва помош веднаш потоа успеале во автобус да спасат човечки живот. Лујза Мирчевска од Црвениот крст раскажува дека оваа случка е само една од многуте кога се применуваат знаењето и вештините стекнати за време на обуката.

На Светскиот дена на првата помош се донираа ранци со санитетски материјали и опрема за средните училишта во Скопје.

Во секое училиште ќе биде обучена екипа за правилно и навремено укажување на прва помош, а едукациите ќе бидат контунирани во текот на целата година.

Обуката ќе се реализира во координација со општинската организација на Црвен крст на чија територија се наоѓа училиштето.

Важно е секој еден да има познавање од пружање на прва помош, тоа познавање некогаш може да спаси живот.

 

Ана Јосифоска Тодоровска