Македонија

Николовска: Уставниот суд не покажа независност, тоа треба да се корегира

16.09.2021 14:12

Уставниот суд за жал не покажал поголема независност и тоа треба да се корегира, е ставот на претседателката на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска. Таа посочи дека и судиите може да одговараат кривично доколку намерно одолговлекуваат предмети. На завршната конференција Уставниот суд -заштитник на владеењето на правото, се обрати и претседателката на Уставнито суд Кацарска...

Уставниот суд не покажал голема независност и тоа треба да се корегира, е ставот на претседателката на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска. Секаде има политика, но пресијата во донесувањето на одлуките на уставните судии  не смее да постои бидејќи тие се дефинитивни. Таа посочи дека и судиите може да одговараат кривично доколку намерно одолговлекуваат предмети.

Уставниот суд е подготвен да ги вгради забелешките на експертите, особено оние што се однесуваат на деловникот кој е на сила три децении. Претседателката на судот Кацарска посочи дека ќе се интервенира или со бројни измени или со сосема нов документ, за да биде во чекор со времето. Се предвидува иницијативи освен физички, да може да поднесуваат и правни лица и да се стави акцент и на повредите на слободите и правата,  а не само на законитоста и уставноста.

За подобрување на транспарентноста, судот веќе им дозволува на медиумите видео снимања на јавните и подготвителните седници, а за редовните ќе одлучува дополнително.

 

Фиљана Кока