Германските експерти пристигнаа во Тетово
Тимот германски експерти кои ќе помагаат во истрагата за утврдување на причините за катастрофалниот пожар во модуларната болница, пристигна во Тетово. Германски форензичари за пожар и ласерско мерење на простории ќе бидат поддшка на МВР и Обвинителството во утврдувањето на причините за пожарот во кој загинаа 14 пациенти...

Германските експерти ги подигнаа првите докази од модуларната болница, кои ќе треба да се вештачат во лабараториите во Германија. На основа на собраниот материјал и неговата анализа, странскиот тим ќе подготви писмен извештај, кој ќе го достави до Јавното обвинителство Тетово, а кој ќе треба да помогне во истрагата на домашните институции.
Причините за пожарот германските форензичари заедно со јавните обвинители ги испитуваа под силно полициско обезбедување, и во интерес на истрагата поконкретни официјални информации не даваат.
Колку германските експерти ќе се задржат на терен нема информации.
Јавното обвинителствцо ја проверува документацијата на Министерството за здравство и на фирмата изведувач, за изградбата на модуларната болница во Тетово.
Во меѓувреме, преживеаните 12 пациенти од катастрофалниот пожар полека се опоравуваат. Голем дел од нив се пуштени на домашно лекување и се под надзор на лекарски тим од психолози и психијатри.
Инаку за утре роднините на загинатите од катастрофалниот пожар најавија протест во Тетово под мотото „Правда и одговорност“.
Зоран Димовски
