ДИК го усвои ревидираниот роковник за претстојните локални избори
Државната изборна комисија го усвои ревидираниот роковник за претстојните локални избори усогласен со измените во Изборниот законик. Ќе може да гласаат и луѓе на кои им изминал рокот на важноста на личните карти, од денот на распишување на изборите, 6-ти август. Оние кои се позитивни на Ковид-19 или се во самоизолација ќе гласаат на 16-ти октомври, ден пред одржувањето на првиот круг...

На локалните избори ќе може да се гласа и со лични карти со истечен рок. Ова се однесува единствено на документите чиј рок истекол од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето, односно од 6-ти август до 30-ти октомври. До 25-ти септември сите службени органи и институции кои располагаат со возила ќе треба да ги достават податоците за нив до Антикорупциската комисија за да се спречат злоупотребите. ДИК со препорака и за гласање поради пандемијата, како и за гласање во домашни услови.
Новина во Изборниот законик е правото на подносителите на листи без разлика дали се политички партии, коалиции или група граѓани, да можат да ги повлечат веќе потврдените листи од надлежните општински комисии најдоцна 48 часа од нивното утврдување.
Според однапред утврдени упатства, на овие избори ДИК, по поднесен приговор, ќе овозможи и гласање на лица кои на денот на гласањето ги нема во избирачките списоци. За идентификација на отпечатокот во избирачкиот список со новите амандмани е додаден и посебен бар код за поголема контрола на гласањето.
Марина Стојанова- Тонева
