Со акцијата „Мрежа“, МВР отвори фронт против уличните препродавачи на дрога

27.03.2014 14:55

Со големата акција „Мрежа“ започна борбата против уличните препродавачи на дрога. Отоворен е широк фронт против дрогата која се растура на улиците низ Македонија, истакна денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска

„Со почнувањето на оваа акција, отвараме широк фронт против дрогата која се растура на улиците низ целата држава и очекуваме широка поддршка од граѓаните. Веќе профилиравме поединци и групи кои на ситно препродаваат различни видови дрога, доведувајќи ги во опасност животите на илјадници млади лица во Скопје и во останатите градови“, рече Јанкулоска на денешната прес-конференција.

За старт на оваа акција, која ќе продолжи и во наредниот период, обезбедени се материјални докази против криминална група која се занимава со недозволена трговија со наркотична дрога, амфетамини и марихуана.

Станува збор за поединци кои на ситно препродаваа дрога на улиците, а акцијата ќе продолжи во идниот период не само во Скопје, туку и во останатите градови на територија на цела Македонија, за каде имаме сознанија за вакви криминални активности, посочи Јанкулоска.