Македонија

Активни речиси 13 илјади ковид- случаи, состојбата останува ризична

17.09.2021 10:11

Вчера беа регистрирани нови 557 случаи, а повторно најмногу активни има во главниот град. Активни се 12.984 случаи. Оздравени се 572 пациенти, а починаа 28 лица.

Останува ризична состојбата со Ковид-19 во државата. Бројот на новозаболени во државава на дневно ниво повторно е троцифрен. Вчера беа регистрирани нови 557 случаи, а повторно најмногу активни има во главниот град. Активни се 12.984 случаи. Оздравени се 572 пациенти, а починаа 28 лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 185.450, на оздравени пациенти е 166.099, а на починати 6.367.