Блинкен: Франција е витален партнер на САД во регионот
Официјален Париз претходно изрази револт кон најавата за сојузот на Вашингтон со Обединетото Кралство и со Австралија, познат како „АУКУС“, со кој Австралија, наместо француски, ќе почне да гради нови подморници на нуклеарен погон користејќи американска технологија.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен тврди дека Франција била информирана за формирањето на новиот безбедносен пакт во Индо-Пацификот и дека и натаму останува витален партнер на САД. Официјален Париз претходно изрази револт кон најавата за сојузот на Вашингтон со Обединетото Кралство и со Австралија, познат како „АУКУС“, со кој Австралија, наместо француски, ќе почне да гради нови подморници на нуклеарен погон користејќи американска технологија.
„Секоја европска земја е добредојдена да игра важна улога во Индо-Пацификот. Очекуваме да продолжи соработката со НАТО, со ЕУ и со другите за оваа цел. Со Франција соработуваме одлично за многу заеднички приоритети во Индо-Пацификот, но и на други места во светот. И така и ќе продолжиме. На нашиот однос, на тоа партнерство, му даваме суштинска важност, и така ќе продолжиме и натаму“, изави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Формирањето на „АУКУС“ е со цел да се засилат капацитетите на западните земји во регионот каде што Кина ја зголемува воената моќ. ЕУ изрази незадоволство од потегот на тројката која, според нив, ги враќа работите како во ерата на Доналд Трамп.
