Телеком ќе исплати дивиденда од 15,3 милиони евра
27.03.2014 15:15
Ќе биде распределена добивката од 44 милиони евра, драстично помала од минатата година...

15, 3 милиони евра ќе се слеат во државната каса од дивидендата од Македонски телеком, одлучија акционерите на компанијата.
Ќе биде распределена добивката од 44 милиони евра, драстично помала од минатата година. Исплатата на дивидендата за 2013 година ќе се врши во периодот помеѓу 23 и 30 април 2014 година.
Владата поседува 34,81 насто од акциите во Македонскиот телеком, а најголемиот акционер 51 насто.
