Попис 2021

Попишани вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови

17.09.2021 11:07

Вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика...

Вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.168 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, кој официјално започна на 5-ти септември, ќе трае до 30-ти септември.