Русија: Избори за Долниот дом на Парламентот
17.09.2021 11:21
Паралелно ќе се одржат и локалните избори во 46 руски региони...

Русија на избори за Долниот дом на Парламентот. Пратениците во Думата добиваат мандат од пет години според мешан изборен систем: половината од членовите односно 225, ќе бидат избрани од партиските листи, а другата половина ќе бидат избрани од граѓани во 225 изборни единици.
Паралелно ќе се одржат и локалните избори во 46 руски региони. Учествуваат вкупно 23 партии со 74.000 кандидати за различни позиции.
