Продолжува истрагата за пожарот, се испитува техничката документација за болниците
До Обвинителството е пристигната комплетната документација за набавката на модуларната болница во Тетово, каде што во пожар животот го загубија 14 луѓе. Веќе се разгледува и анализира, па ќе се донесе одлука за следниот чекор. Примерок добиле и Германците. Власта тврди дека не се меша во процесот. Министерот за правда Маричиќ вели – обезбедени се сите предуслови да има брза и успешна истрага...

Истражителите го почнаа претресот на техничката документација за градбата на модуларните болници. Документацијата од Бирото за јавни набавки и од Министерството за труд и социјална политика пристиганле во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, информира шефицата Вилма Русковска. Првични сознанија ни се дека наши експерти ја направиле техничката документација, а од Светска банка направиле одредени корекции. Па на гермаските експерти им испративме да проверат дали модуларните болници се направени според тие технички спецификации кои се одобрени од Светската банка, рече Русковска.
Германските истражители пристигнаа и сите институции се ставија на располагање за да помогнат во истрагата, рече министерот за правда Бојан Маричиќ. Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше да повика германски истражители од највисок ранг, кои што треба да ги испитаат сите околности, додаде Маричиќ.
За тоа кој дал техничка согласност за пуштање во употреба на болницата, ресорниот министер со одговор дека тоа е сосема надвор од неговите надлежности и нема информации за тоа.
Фиљана Кока
