ВМРО-ДПМНЕ: Оставка на Заев заради објективна истрага

17.09.2021 12:48

Од партијата сметат дека Заев го штити Филипче поради лични интереси...

ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од премиерот Заев и министерот за здравство Филипче за трагедијата во Тетово. Од партијата сметат дека Заев го штити Филипче поради лични интереси.

„ВМРО-ДПМНЕ не бара одговорност од владата поради политичка малициозност или затоа што има лични мотиви против Заев или Венко Филипче туку поради тоа што се неспособни, но и поради објективна истрага која мора да ја има. Тоа што премиерот Заев го штити министерот Филипче значи дека и Заев треба да си поднесе оставка поради негово активно учество во несмасниот обид да се одговорат прашањата кои ја мачат целата јавност. Затоа прашуваме, кој е виновен што сме земја со највисока смртност во Европа од КОВИД?“, вели потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека владата лошо ја менаџира состојбата со Ковид-19.