Авганистан
Талибанците не ја исклучуваат можноста за избори
17.09.2021 11:50
Во нивниот претходен мандат од 1996-та до 2001-ва година, талибанците ги критикуваа демократските избори бидејќи, според нив, биле западна традиција спротивна на Исламот.

Талибанците не ја исклучуваат можноста за избори во авганистан. Прашањето ќе се решава со нов устав кој е во подготовка.
Во нивниот претходен мандат од 1996-та до 2001-ва година, талибанците ги критикуваа демократските избори бидејќи, според нив, биле западна традиција спротивна на Исламот.
Во новата влада нема ни припадници на малцинските заедници, ни жени. Според уставот од 2004-та година, законите мора да се согласни со Шеријатското право.
За новиот се најавени уште построги прописи.
