Полициски куршум завршил во тоалетот на општина Велес, за среќа бил празен
Среќна околност е што во моментот просторијата била празна, инаку оваа небрежност на полицискиот службеник можела да има трагичен крај...
Куршум испукан од пиштол вчера завршил во просторија на Општина Велес. Настанот го потврдуваат и од полицијата и од Општината. Според првите стнува збор за небрежност на полициски службеник кој чистејќи го службениот пиштол испукал еден куршум кој низ прозорецот од неговата канцеларија завршил во тоалетот на локалната самоуправа.
„Известени се Внатрешната контрола за професионални стандарди на МВР и Јавен обвинител, извршен е увид и се работи на расветлување на случајот“, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Среќна околност е што во моментот просторијата била празна, инаку оваа небрежност на полицискиот службеник можела да има трагичен крај.
„Немилиот настан е откриен од вработен во локалната самоуправа кој влегол во тоалетот и најнапред забележал искршено стакло а потоа и оштетен ормар. Настанот го пријавил кај колегите а потое бил пронајден и куршумот, веднаш е информирана полицијата која направи увид“,рече Мартин Мајсторов, портпарол на општина Велес.
Во последните 10 години ова е прв случај на ваква небрежност на полициски службеник вработен во СВР Велес.
Дијана Иванова
