„Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори „Браќа Манаки“
Првиот долгометражен филм на режисерката Дина Дума, „Сестри“, кој неодамна се закити и со специјалната награда во Карлови Вари, синоќа го отвори 42-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“...

Вистинитата приказна која се случувала за време на нејзиното школување, инспирација по пет години работа режисерката Дина Дума да го создаде нејзиниот прв долгометражен филм, кој по добиената специјална награда на Карлови Вари, синоќа на отвоањето на фестивалот „Браќа Манаки“ ја имаше македонската премиера. Подготовката таеше неколку години, а снимањето шест недели на различни локации во Скопје и тоа со тинејџери непрофесионални актери, што беше дополнителен предизвик, вели Дума.
Играта на новото време, социјалните мрежи, ги покажува фаталните последици.Од таквото однесување, неприликите ги чувствуваат и двете пријателки, главни ликови во филмот. Велат, пораката треба да ја примат и малдите и повозрасните.
За ефектите на камерата, посебно оние подводните, обазложи младиот кинематографер Наум Доксевски, на кого ова му е прв долгометражен филм.
Стевче Митревски
