Влада

Трибина „Патот до независноста“

17.09.2021 14:24

Премиерот Зоран Заев домаќин на трибината „Патот до независноста“, на која заедно со повеќемина современици на случувањата во 1991 година, разговараа за најзначајните моменти и за процедурите при стекнувањето на независноста на државата...

Декларацијата за независност во Собранието ги постави темелите на државата во време на распаѓање на поранешна Југославија, се сеќаваа македонски политичари на трибината во владата насловена „Патот до независноста“.

Првиот премиер Георгиевски со оценка дека земјата немаше да стане независна држава, доколку сите граѓани не поддржуваа независност.

Првиот претседател на Собранието, Андов посочи со какви проблеми се избираше првиот претседател на државата Глигоров, кој при првото гласање во Парламентот доби доволногласови.

Поранешниот пратеник Зибери истакна зошто Албанците не гласаа на референдумот за независност, иако поддржуваа одвојување од Југославија.

И во времето на создавањето на независна држава имаше проблеми со соседите, сведочеше поранешниот министер Фрчковски.

Сите учесници во трибината се согласија дека најважен акт било донесувањето на граѓанскиот Устав на државата, што по трнлив пат придонесе за создавање на модерна држава за сите граѓани , членка на НАТО и кандидат за полноправно членство во ЕУ.

Ирина Гелевска