Симовски очекува викендов да бидат попишани милион граѓани
На терен продолжува попишувањето на населението по кратките технички проблеми, но и хакерски напади врз веб-страницата на ДЗС. МТВ на терен со попишувачите во скопската населба Тафталиџе. Мал е процентот на оние кои одбиваат да се попишат. Директорот Симовски очекува до крајот на викендов бројката на попишани да надмине милион...
Најобемната статистичка операција по кратките технички проблеми, но и хакерски напади врз веб-страницата на Заводот, продолжува на терен, велат од Статистика. Директорот Симовски очекува до крајот на викендов бројката на попишани да надмине милион.
Екипата на МТВ на терен со попишувачите во скопската населба Тафталиџе. Мал е процентот на оние кои одбиваат да се попишат, вели Владимир Спасов. Посочува дека досега сите домаќинства соработувале и дека сѐ поминало во најдобар ред. Доколку граѓаните не се дома добиваат известување.
За прв пат оваа година пописот се спроведува според комбиниран модел, освен прибирање на податоци директно од населението на терен, се користат и податоци од таканаречената претпописна база. Пописот официјално започна на 5-ти септември и ќе трае до 30-ти септември.
Пребројувањето на населението, оваа година се одвива под посебни протоколи за заштита од Ковид- 19. Во секое домаќинство влегува само по еден попишувач. Попишувањето се врши од 8 часот наутро, па сѐ до 20 часот.
Дијана Ценевска
