Филипче: Не бегам од одговорност, нема дефокусирање на истрагата

17.09.2021 13:45

Министерот за здравство тврди дека модуларните болници се изградени според сите стандарди...

Не бегам од одговорност, нема дефокусирање на истрагата, но здравството мора да се менаџира, одговара Филипче по поднесената оставка до премиерот. Тврди дека модуларните болници се изградени според сите стандарди.

„Модуларните болници се модел без кој ниту една земја не ќе можеше да ја менаџира кризата. Направивме 700 болнички кревети за помалку од два месеца. Алтернатива на тоа ќе беше италијанското сценарио, да нема луѓето каде да се сместат и да не може да им се помогне. Во ситуација на пандемија само модуларна болница е решение. За модуларната болница во Тетово не известија дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата. Сите потврдија дека се е во најдобар ред“, рече Филипче.

Министерот за здравство смета дека се уште е рано вакцината за Ковид-19 да стане задолжителна. Најави нова мерка – од октомври влез во затворено само со две примени дози.