Филипче: Не бегам од одговорност
Не бегам од одговорност, нема дефокусирање на истрагата, но здравството мора да се менаџира, одговара Филипче по поднесената оставка до премиерот. Тврди дека модуларните болници се изградени според сите стандарди. Смета дека сѐ уште е рано вакцината за Ковид-19 да стане задолжителна. Најави нова мерка – од октомври влез во затворено само со две примени дози...

Не бегам од одговорност, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, истакна министерот за здравство Филипче на првата прес- конференција по понудената оставка. Вели, модуларните болници се концепт што го користи целиот свет зашто овозможуваат да се хоспитализираат сите ковид пациенти. Направивме 700 болнички кревети за помалку од два месеца. Алтернатива на тоа на тоа беше италијанското сценарио, рече министерот.
Изминатови денови, процентот на новозаразени стагнира. Се прават анлизи за нови мерки. Најавено е дека од октомври само целосно вакцинирани со две дози, ќе можат да посетуваат ресторани, трговски центри, културни настани. За други мерки, дополнително ќе се одлучува.
Досега вакцинирани се околу 40 проценти од населението. За задолжителна имунизација е сѐ уште рано, но таму каде што процентот на вакцинација е повисок, нема притисок во болниците.
За разлика од претходните бранови кога во тешка состојба и фатално завршуваа пацинетите над 60 години, со делат сој болниците се полни со пацинети до 40 до 60 години.
Наташа Јанчиќ Менковски
