Охрид домаќин на ракометната Куп завршница

27.03.2014 15:37

Машкиот финален турнир од Купот на Македонија ќе го организира РФМ, а град домаќин на четирите екипи кои ќе конкурираат за трофејот ќе биде Охрид.

Наместо лицитација или фаворизирање на некој тим,  неутралниот терен и финансиската независност во проектот, треба да биде гаранција за порегуларен расплет во ова натпреварување.

Лани Куп пехарот го подигна Металург со победа во полуфиналето над организаторот на турнирот Вардар кој домаќинството не го искористи за да го сочува трофејот во својата сала.

Оваа година победникот на Купот ќе се решава на 17 и на 18 мај а во завршната трка ќе бидат четирите најдобри екипи од четирите четвртфинални групи. Натпреварите од групната фаза се  на програмата на 26 и на 27 април. Вардар, Металург, Зомимак – М и Пролет се одредени за носители, а со ждрепка ќе бидат оформени двојките за мечевите по групи.

Најтрофејна екипа во најмасовното домашно ракометно натпреварување е Вардар со осум Куп титули, по пет пехари имаат Металург и Пелистер а по еден екипите на Шевро Куманово, Борец Велес и Тутунски Комбинат Бренд.