Двегодишно дете со долга историја на болести почина од Ковид-19
Врз малиот пациент пред една година биле направени повеќе операции – детето имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата, проблеми со срцевиот ритам и со дишењето, застој во растот.
На Детска клиника почина двегодишно дете, позитивно на Ковид-19. Имало долга историја на болести, а неговото згрижувачко семејство го донело во тешка состојба.
Врз малиот пациент пред една година биле направени повеќе операции – детето имало тумор на мозок, хидроцефулус, вродена непроодност на цревата, проблеми со срцевиот ритам и со дишењето, застој во растот.
Како што информираа од Министерството за здравство, тоа пред пет дена било донесено изгладнето и дехидрирано, без температура, но малаксано. И покрај терапијата, состојбата на детето се влошувала и резултирала со смртен исход.
