Морисон: Го разбирам разочарувањето на Франција

19.09.2021 11:40

Се разбира, тоа е големо разочарување за француската Влада и јас го разбирам. Меѓутоа, Австралија како и секоја друга суверена држава мора секогаш да носи одлуки што се во наш суверен национален одбранбен интерес, рече Морисон на прес-конференција во Сиднеј.

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека го разбира разочарувањето на Франција што неговата земја го откажа договорот за купување подморници во корист на сојузи со САД и Велика Британија, но нагласи дека Австралија првенствено треба да ги штити своите интереси.

Се разбира, тоа е големо разочарување за француската Влада и јас го разбирам. Меѓутоа, Австралија како и секоја друга суверена држава мора секогаш да носи одлуки што се во наш суверен национален одбранбен интерес, рече Морисон на прес-конференција во Сиднеј.

встралија, Обединетото Кралство и САД во средата го објавија формирањето на трилатералната безбедносна алијанса АУКУС за зајакнување на одбранбената соработка во Индо-Пацификот, која предвидува флота од нуклеарни подморници што Австралија ќе ги изгради со помош на САД.

Поради оваа одлука, Канбера се откажа од договорот вреден 40 милијарди долари со француска компанија која требаше да изгради флота од подморници, на што Париз жестоко реагираше и на консултации во Париз ги повлече своите амбасадори од Канбера и Вашингтон.