Прозводителите на пченица остро против најавите за повисока цена на лебот
Македонското производство на пченица може да ја издржи досегашната цена на лебот до крајот на јануари наредната година. За производителите нерално е барањето на млинарите за повисока цена на основниот прехранбен продукт. Остро се спротивставуваат...

Нереално е барањето на млинарите да се зголеми цената на лебот. Остро ќе се спротивставиме зашто до крајот на јануари наредната година, за потребите имаме домашна пченица од 26 милиони килограми, откупена по 10, 5 денари за да се заштити домашниот стандард, реагира Асоцијацијата на земјоделци на Македонија. Според Асоцијацијата, нова цена на лебот е дури непристојно барање и на штета на производителите и на граѓаните. Ако инсистираат на повисоки цени, тогаш млинарите да доплатат уште по 5 денари за килограм пченица.
Потребите на земјава за пченица се околу 450 милиона килогами. Домашноот производство е доволно за до крајот на јануари наредната година. Потоа, ако се увезе, може да се разговара за цени. Дотогаш е искористување и на производителите и на граѓаните.
Земјоделците се подготвени да им докажат на млинарите дека се нереални нови цени на лебот до јануари.
Елизебата Митреска
