Македонија

Оштетена електичната табла пред модуларната болница во Прилеп

19.09.2021 14:48

Се истражува како и кој физички ја оштетил електричната табла пред модуларната болница во Прилеп. Болничкото обезбедување вчера при краткотрајното невреме со силен ветар го забележало насилното оштетување и била повикана полицијата која ги зела и снимките од безбедносните камери. Во модуларната каде се хоспитализирани 17 пациенти немало никакви проблеми. Во последниов период засилени се и инспекциските контроли...

Полицијата истражува кој и како ја оштетил електричната табла до модуларната болница во Прилеп. Обезбедувањето на прилепската болница вчера попладнето забележало дека таблата е отворана со хебла и физички е оштетена. Го известиле електричарот во болницата и веднаш била повикана полицијата. Таблата ја напојува со струја модуларната болница каде се сместени ковид-пациентите.

Од болницата само потврдуваат дека не настанал никаков прекин во напојувањето со струја ниту има проблеми во функционирањето на модуларната болница. Таму моментално се хоспитализирани 17 пациенти од  кои 14 се на кислородна поддршка. Двајца од пациентите се во тешка здравствена состојба.

По големата трагедија во тетовската модуларна билница, засилени биле инспекциските контроли надзорот и во прилепската. Имало вонредна проверка на противпожарните апарати, на електричните уреди и на инсталацијата.

 

Елизабета Митреска