Андреев „безбеден“ во Вардар до 2015-та !

27.03.2014 16:17

Сергеј Андреев останува предводник на ФК Вардар до 2015-та година. И покрај лошата резултатска серија и оддалечувањето од одбраната на домашната титула, сопственикот на „црвено-црните“, Сергеј Самсоненко на состанокот со упрвата на клубот потврдил дека тренерското место на актуелниот руски стратег е сигурно и за евентуална негова смена би се размислувало по една година.

Ова за медиумите го изјави Извршниот директор на Вардар, Самоил Симев по понеделничкиот состанок на раководството на екипата. „Излезот од кризата го гледаме само во напорна работа. Од титулата не се откажуваме, сметаме дека трката не е загубена а со макотрпна работа можеме да се вратиме на врвот“, изјавува Симев за медиумите.  

Вардар вчера против Македонија ЃП одигра само реми со фудбалер повеќе а тоа во негативната серија беше четврти натпревар без победа. Заостанувањето зад моментнот лидер на табелата Пелистер сега е пет бода по петте воведни пролетни првенствени рунди.

Но, челниците на клубот веруваат во овој состав на Вардар: „ Со играчите секојдневно разговараме, им порачуваме да не се оптоваруваат со резултатите, туку да гледаат напред. Алиби во повредите не сакаме да бараме, виновници исто така,  а  сметаме дека со квалитетни изданија во наредните дуели можеме да стигнеме до првата позиција и до излез од кризата “, оптимист е Симев..