Ковид-19

Стагнира бројот на новозаболени, зголемен бројот на починати

20.09.2021 09:44

Стагнира бројот на новозаболени пациенти од ковид, но зголемен е бројот на починати. Земјава е на четвртото место по смртност од Ковид-19, покажува светската статистика. Масовната имунизација е единствен начин коронавирусот да се стави под контрола- посочуваат епидемиолозите. Делта сојот дава сериозна клиничка слика кај децата за разлика од претходните соеви- вели директорот на Детската болница во Козле, Бесник Зекири...

Делта сојот дава сериозна клиничка слика кај децата за разлика од претходните соеви. Висока темература, кашлица, тешко дишење, е покарактеристична за децата од 9 до 15 години, објаснува директорот на болнизата Козле.

Стагнира бројот на новозаболени пациенти, но во вчерашната статитстика зголемен број на починати. Од вкупно 41 починат од Ковид-19, 24 битката со болеста ја изгубиле во едноденоќие. Останатите 17 се починати изминативе недели во приватни болници или дома и се пријавени од страна на матичните лекари преку ситемот „Мој термин“. Само десетина биле без коморбидитети.

18- годишната пациентка била на Инфективна клиника, донсена во лоша состојба со тахикардии. 23 годишниот пацинет бил со комрбидитет церебрална парализа, дијабет, срцеви заболувања, 31- годишниот пацинет бил со Даунов синдорм и дуги невролошки заболувања.

Македонија е на четвртото место по смртност од Kовид-19 на милион жители, покажува светска статистика, заклучно со 16 септември. Пред нас се Босна и Херцеговина, Унгарија и Перу. Според надлежните масовната имунизација е еднистев начин коронавируспт да се стави под контрола. Студиите покажуваат дека дури 10 пати е поголема веројатноста невакцинираните да бидат хоспитализирани, односно 11 пати е поголема веројатноста дека ќе имаат смртен исход од болеста.

Наташа Јанчиќ Менковски