Попишани над милион граѓани

20.09.2021 09:51

Државниот завод за статистика, вчера објави дека до 15 часот биле попишани 1.000.034 лица. Попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет, информираше ДЗС.

Пописот на населението, домаќинствата и становите се одвива во најдобар ред и согласно планираниот интензитет и досега се попишани над милион граѓани.

Државниот завод за статистика, вчера објави дека до 15 часот биле попишани 1.000.034 лица. Попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет, информираше ДЗС.

Можноста за самопопишување на лица во странство, досега ја искористиле – 193.370 лица.

Пописот е во 16-тиот ден од предвидените 26 дена пописни активности и треба да заврши до 30 септември.