Комисиска расправа во Собранието за недела- неработен ден

20.09.2021 09:59

Со предложените измени на законот за работни односи, се предвидува за околу 92 насто од работниците во државава, недела да биде ден за одмор.

Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за работните односи  во второ читање е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Со предложените измени на законот за работни односи, се предвидува за околу 92 насто од работниците во државава, недела да биде ден за одмор.

Работниците во дејностите кои се неопходни да функционираат, ќе добиваат за 50 насто повисока дневница. Трговските центри во недела ќе работат само во една смена, од 10 до 18 часот, а вработените ќе добиваат 100 насто повисока дневница. Трговските субјекти во моловите ќе имаат обврска да уплаќаат износ во висина од 2 проценти од остварениот промет во недела во буџетот, а овие средства ќе бидат искористени за основање на нови детски градинки.

За спроведување на овој закон се потребни дополнителни финансиски средства од државниот буџет. Се проценува дека фискалните импликации би изнесувале околу 43,1 милиони  денари месечно, односно 516,6 милиони денари на годишно ниво.

Исто така, во рамки на оваа седница, пратениците треба да ги разгледаат и годишниот и финансиските извештаи за работењето на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2020 година.