Дождовите недоволни, сушата продолжува
Промената на временските услови нема да ја подобрат состојбата со сушата во земјоделството. Дождовите се недоволни да ја надополнат влагата во почвата. Продолженото лето сепак им погодува на фармерите да го соберат и последниот род од нивите...

Облаците се спуштија, но дождот што малку заврна беше недоволен да ја надополни влагата што недостасува. Неповолните временски услови изразени преку сушата со надпросечни дневни температури, продолжија и минатата недела, што дополнително ја влошија состојбата.
Промената на времето во текот на викендот со повремени и локални врнежи од дожд, нема да го решат проблемот со сувата почва, затоа што недостасуваат многу повеќе врнежи и вода велат агрометеоролозите .
Нов влажен бран на некои места се очекува во втората половина на неделава, и според прогнозите треба да ги зафати северните и западните делови, со што и дневните температури ќе опаднат за неколку степени, ќе бидат поумерени, а времето со повремена облачност.
Проблемот со подготовките на почвата за раната есенска сеидби, останува, и скоро е невозможно да реализира во сушните услови.
Продолженото лето единствено ќе им годи на земјоделците за прибирање на родот во градинарството на отворено, жетвата на пченката, бербата на грозјето, тутунот и негово сушење.
Методија Трајков
