Битиќи: Донесовме соодветни одлуки и мерки за да ги зачуваме работните места и ликвидноста на компаниите
Вицепремиерот, во своето обраќање, посочи дека ситуацијата со Ковид 19, бараше брзо прилагодување и носење на одлуки кои ќе одговорат на предизвиците од пандемијата, која го погоди целиот свет.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, на покана од Економскиот факултет на „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“, денес, преку видео порака, се обрати на свеченото отворање на „Меѓународната економска летна школа“ – „Направи разлика: Научете како да го процените економското влијание на пандемијата од Ковид-19 “.
Настанот, покрај вицепремиерот Битиќи го отворија и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Предраг Трпески и претседателот на организациониот одбор на 11-та летна економска школа, проф д-р Игор Ивановски.
Вицепремиерот, во своето обраќање, посочи дека ситуацијата со Ковид 19, бараше брзо прилагодување и носење на одлуки кои ќе одговорат на предизвиците од пандемијата, која го погоди целиот свет.
Битиќи укажа дека со дефинирањето на приоритетните мерки кои се насочени кон здравствената заштита на граѓаните, Владата паралелно работеше и на креирање на економски мерки, со оглед на тоа дека беше сосема јасно дека економијата ќе биде погодена со воведување на ограничувачките мерки во нашата, но и сите други земји во светот.
Резултатот од спроведените 6 пакета мерки е очигледен и тоа може да се забележи преку анализата на основните макроекономски индикатори, рече вицепермиерот Битиќи.
