ДСЗИ: Во модуларните болници нема пропусти
Од спроведените инспекциски наздори не се констатирани недостатоци- стои во информацијата на ДСЗИ. Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат го заврши вонредниот инспекциски надзор во 18 модуларни болници. Предмет на надзор согласно надлежностите на Државниот санитарен и здарвствен инспекторат бил капацитет на болницата со број на болнички соби, кревети , дополнителни простории, моментална исполнетост со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница, санитарно хигиенска состојба на објектот, увид во делот дали и колку од од персоналот се комплетно вакцинирани, број на лекари, сестри, болничари, хигиеничари, дали се почитува забраната за посета на надворешни лица.
Од спроведените инспекциски наздори не се констатирани недостатоци- стои во информацијата на ДСЗИ. Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица.
За нега на пациентите се грижат болничари или сестри за нега. Вработените во моуларните болници се имунизирани, а дел имаат прележано Ковид- 19.
