Анкета на „Брима“: СДСМ со предност пред ВМРО-ДПМНЕ
Според резултатите, СДСМ има предност од околу 2 процентни поени пред ВМРО-ДПМНЕ. Од испитаниците, 19,8 насто на изборите одговориле дека би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7 за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6 за Алијансата на Албанците, 4,6% за Беса, 3,3% за Левица.

Објавено истражување на јавното мислење пред одржувањето на локалните избори. Анкетата ја спровела агенцијата „Брима“ за „Слободен печат“.
Според резултатите, СДСМ има предност од околу 2 процентни поени пред ВМРО-ДПМНЕ. Од испитаниците, 19,8 насто на изборите одговориле дека би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7 за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6 за Алијансата на Албанците, 4,6% за Беса, 3,3% за Левица.
2,4 проценти од анкетирани се изјасниле дека ќе поддржат независен кандидат, а околу една четвртина не се изјасниле. Претседателот наСДСМ, Заев со 11,8 насто води пред лидерот на опозицијата Мицкоски кој има 7 отсто.
На прашањето, доколку денеска се одржат парламентарни избори, за СДСМ би се изјасниле 19,5% од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,5%. За ДУИ се определиле 7,2 насто, а за Алијансата за Албанците 6%.
Теренското истражување било спроведено од 27 август до 9 септември, лице в лице, во домот на испитаникот, а во него биле опфатени 1.201 лице. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.
Според ВМРО-ДПМНЕ, анкетата е наместена и има цел, како што велат, да го утеши разорачаното членство на СДСМ од извесниот пораз на изборите.
