Програми за обуки на компании за човечки ресурси
На стопанството му недостигаат квалификувани работници. Компаниите се потешко доаѓаат до потребниот кадар. Анализите на Стопанската комора покажуваат дека образованието не го продуцира она што му е потребно на реалниот сектор. Со швајцарска помош ќе се прави обид работите да се променат кон подобро…

Покрај недостиг од кадар, компаниите имаат проблем и да обезбедат работна сила којашто ќе има потребните квалификации. Анализите на Стопанската комора укажуваат дека вештините стекнати при образованието не се усогласени со потребата на реалниот сектор. Потребни се обуки за вештини кои се клучни за работното место, а не се учат во стручното образование.
Пазарна вработливост и образование за вработување се програми на Швајцарската амбасада кои треба да им помогнат на македонските компании да ги надминат овие проблеми. Од лиценцирани консултанти, бизнисите ќе добијат насоки како да го развијат човечкиот капитал.
Последен чекор од програмата е поврзување на компаниите со универзитетите за привлекување практиканти и нови вработени. Од Стопанската комора се надеваат дека фирмите ќе покажат интерес за програмата и ќе бидат во тек со светските трендови во менаџирањето на вработените.
Викторија Милевска
