Подигнување на свесноста за растот кај децата
Во земјава 100-тина пациенти примаат хормонска терапија за раст. Годинава за прв пат е обезбеден буџет од страна на Фондот за здравство за нивно лекување, но посебен проблем сега е стравот од Ковид-19, поради што дел од заболените се плашат да одат да ја подигнат терапијата...

Родителите редовно да ги мерат децата, бидејќи може да биде доцна за терапија, апелира Билјана Стефановска. Таа е мајка на дете што прима хормонска терапија за раст. Раскажува дека кога нејзината ќерка имала 8 ипол години увиделе дека има проблем со растот. Побарале медицинска помош, но чекале 2 години за да добијат хормон. Од кога почнала да прима терапија веќе има успех.
Во земјава 100-ина пациенти се на хормонска терапија за раст. Оваа година за прв пат е обезбеден буџет од страна на Фондот за здравствено осигурување за лекување. Но, проблем што сега се јавува е стравот од Ковид – 19. Не се бара помош од специјалист- ендокринолог, а постоечки пациенти се плашат да одат да ја подигнат терапијата.
И докторите апелираат до родителите веднаш штом ќе забележат проблеми со растот кај децата да се јават во Клиниката за детски болести.
На 20-ти септември се одбележува Денот на растот.
Ана Јосифоска Тодоровска
