РУСИЈА

Најмалку осуммина убиени во нападот на универзитетот во Перм

20.09.2021 13:30

Оружен инцидент во рускиот град Перм. Неколкумина убиени и ранети откако вооружено лице со сачмарка отвори оган на универзитетски кампус. Повеќето професори и студенти се затворија во зградата, а дел од нив скокаа низ прозорци. Поради смртоносниот инцидент, на кампусот се блокирани сите влезови и премини.

Неколкумина убиени и ранети откако лице вооружено со сачмарка отвори оган на универзитетски кампус во рускиот град Перм. Повеќето професори и студенти се затворија во зградата, а дел од нив скокаа низ прозорци. Поради смртоносниот инцидент, на кампусот се блокирани сите влезови и премини.

„Видов млад човек, се шеташе и почна да пука“, вели сведок на нападот.

Полицијата го рани и уапси напаѓачот. 18-годишниот Тимур Бекмансуров бил студент на универзитетот и наводно оставил порака на интернет во која ги објаснил мотивите. Според првичните извештаи, тој дејствувал сам и имал ментални проблеми и депресија. Во една од неговите пораки се вели:

„Мојот напад не е политички или терористички, туку е поради омраза кон човештвото. Со години размислував за ова, па почнав да собирам пари за да добијам дозвола за купување на возило и да газам луѓе, или да купам оружје и да ги убивам“.

Во мај годинава, 19-годишно момче отвори оган во своето поранешно училиште во Казањ, усмртувајќи 9 лица. Оттогаш Русија ја зголеми возрасната граница за купување на огнено оружје од 18 на 21 година, но новиот закон сѐ уште не е активиран. Тој напад се сметаше за најсмртоносниот по оној од 2018 година кога студент на колеџ на Крим уби 20 лица пред да си го одземе животот.

 

Маја С. Филдишев