НАТО вежба за справување со кризи
Во организација на НАТО, Евроатланскиот центар и Центарот за управување со кризи во Охрид започна вежбата „Северна Македонија 2021“. Ова е прва цивилна НАТО вежба во нашата земја која што истовремено се одвива теренски и штабно која што ќе се одвива со технологија која што овозможува следење на кризни состојби во реално време. На вежбата учество зедоа претставници од 28 земји- членки и партнери на НАТО...

Цивилната подготвеност и одржувањето на континуитетот на функционирање на институциите при справување со кризи и сложени безбедносни состојби е од круцијално значење и основна обврска на членките на НАТО алијансата при градењето на отпорност кон сите закани и предизвици. Тоа значи постигнување на интероперабилност и заштита на животот , имотот и личната сигурност на граѓаните, бидеќи безбедносниот систем е основата на функционирањето на правната држава. Ова на отворањето на меѓународната вежба „Северна Македонија 2021“ го рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Министерството за внатрешни работи, согласно својот делокруг на надлежности, како интегрален дел на Системот за управување со кризи е во постојана комуникација, координација и соработка со останатите субјекти кои се дел од овој систем. Притоа уште еден чекор понапред претставува дигитализацијата на Системот за управување со кризи во РС Македонија со примена на веб базираната алатка НИКС, што секако ќе придонесе за унапредување на комуникацијата и координацијата помеѓу субјектите кои што се дел од овој систем“, изајви Оливер Спасовски- министер за внатрешни работи.
Во текот на вежбата ќе се реализираат активности за справување со елементарна природна непогода, организиран криминал, нелегална миграција, спасување и укажување на помош на граѓани.
„Оваа 19-та вежба е доказ за нашата отпорност. На неа ќе бидат третирани реалистични сценарија, како добра можност за демонстрација на интероперабилност во решавање на заедничките проблеми. Преку заедничкиот команден систем ќе ги координираме активностите, ќе ги зајакнуваме вештините, но ќе градиме и пријателства“, нагласи Џон Манза- генерален секретар за операции на НАТО.
„Вклученоста во оваа НАТО вежба претставува привилегија за сите учесници бидеќи е одлична можност да се пружи подршка на националните власти со цел зајакнување на нашите капацитети преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човек“, рече Стојанче Ангелов- директор на Центар за управување со кризи.
На вежбата учествуваат околу 700 претставници од 28 држави членки и партнери на НАТО и 17 меѓународни организации.
Сашо Нелоски
