Националната опера и балет со нови инструменти, донација од Јапонија
Донацијата на пријателска Јапонија ќе го збогати звукот и ќе го подобри квалиетот на изведбите, а тоа ќе ги мотивира уметниците за поголема креативност на сцената и страст во музицирањето...

Новата сезона на Националната опера и балет ќе почне со нови музички инструменти и аудиоопрема за сценско озвучување и осветлување. Донацијата е јапонска во вредност од над 650 илјади евра – пари со кои значително ќе се подобрат условите и квалитетот на изведбите, ќе се поддржи културната промоција на земјава пред домашната и светската публика. Амбасадорот на Јапонија во земјава вели дека оваа културна размена ќе придонесе за градење на силни врски меѓу луѓето.
Донацијата на пријателска Јапонија ќе го збогати звукот и ќе го подобри квалиетот на изведбите, а тоа ќе ги мотивира уметниците за поголема креативност на сцената и страст во музицирањето.
Од Јапонска агенција за меѓународна помош „Џајка“ велат дека континуирано ќе ги следат развојните потреби, барајќи можности за идна соработка и унапредување на пријателството меѓу двете земји.
Александра Спировска
