Со фискални до стан и автомобил
Со наградна игра Министерството за финансии во соработка со Државната лотарија

Со наградна игра Министерството за финансии во соработка со Државната лотарија ќе ја подобрува фискалната дисциплина .Првото коло е на 30 декември . Во текот на годината девет извлекувања со фонд на добивки од 25-30 .000 евра Во секое извлекување автомобил , а во финалното највредните награди. Условот за учество во лотаријата -Фискална в рака награда без мака - со собрани 20 фискални сметка без ограничен минимум на нивната вредност .
-Извлекување на награда за еден стан, дуќан , а за секое коло пак ќе има извлекување на награда за еден автомобил и соодветни вредносни ваучери,коишто ќе можат да се заменат за лап-топ ,велосипед,смарт - телефони плејстејшн, ЛЦД –телевизор и други уреди ,изјави министерот Ставрески
Со втората мерка, според првиот финансиер Ставревски, ќе се подига свеста кај граѓаните, за да се намали нелојалната конкуренција . Измените предвидуваат контроли на УЈП до 15 метри од објектите . Доколку купувачот нема фискална сметка, ризикува да биде казнет.
Со последната од најавените измени - јавно ќе се објавуваат имињата на граѓаните коишто во рок од 90 дена нема да ги платат јавните давачки коишто се поголеми од 120 .000 , а за правните лица сумата изнесува 300 .000 денари.
- 15 дена претходно секој од должниците којшто неплатил подолго од 90 дена ќе добие опомена од УЈП и шанса доколку плати, да не биде објавен на листата на должници,изјави Ставрески
Законските измени ќе бидат направени до крајот на годината . Мотивот за новите мерки ,појасни Ставрески , се последните проверки на УЈП коишто покажале висок процент на неправилности во сите региони во земјата.
Виолета Димовска
