Имаше комуникација меѓу МНР и МВР, вели Димитров за дипломатскиот скандал
Комуникација меѓу МНР и МВР имаше, а истрагата требаше да се води во МВР и безбедносните агенции, вели екс-министерот за надворешни Димитров за скандалот со тројцата македонски дипломати. Тврди дека во МНР има записи од писмената комуникација со МВР за случајот со Миленковски. По дипломатскиот скандал, актуелниот министерот за надворешни работи Османи најави дека ќе се направи целосна ревизија на системот за упатување во МНР...

За скандалот со тројцата македонски дипломати, вицепремиерот за евроинтеграции и екс-министер за надворешни Никола Димитров тврди дека комуникација меѓу МНР и МВР имало и дека истрагата требало да се води во рамките на МВР и безбедносните агенции. Посочува дека во МНР има записи од писмена комуникација со МВР за случајот.
Актуелниот министерот за надворешни работи Османи најави дека по овој случај ќе се направи и целосна ревизија на системот за упатување во МНР, вонредна ресертификација за сите вработени, односно сите ќе мора да аплицираат за национален безбедносен сертификат, а сите амбасадори за НАТО – сертификат. Според Законот за патни исправи вработените во МНР што имаат дипломатски статус поседуваат дипломатски патни исправи и тие може да се одземат кога ќе биде одземен безбедносниот сертификат. Министерството нема законска надлежност да дава или да одзема безбедносни сертификати, затоа што тоа го прават безбедносните агенции, смета Димитров.
Миле Миленкоски, македонски дипломат од мисијата во ОБСЕ во Виена од 27 август е во екстрадициски притвор во Врање, по издадена потерница од Ерменија. Бил уапсен на граничниот премин Прешево и покрај тоа што се повикувал на дипломатскиот имунитет. Таму чека дали ќе биде екстрадиран во поради тоа што со уште двајца колеги со приватен авион успеал да извлече од Ерменија, македонски инжинер обвинет за проневера.
Милчо Велески
