Балканска конференција на Светската асоцијација на кинематографери
Традиционално на маргините од ИФФК „Браќа Манаки“ се одржа и годинешнава балканска конференција на Светската асоцијација на кинематографери „Имаго“. Иако во намален број учесници, претставниците разговараа околу новините кои планираат да ги покренат и темата „Работните услови во текот на пандемијата“...

Иако во значително помал број филмските работници ја одржаа тадиционалната балканска конференција на ИМАГО Светската асоцијација на кинематографери. Носечка тема на конференцијата- работните услови за време на ковид пандемијата и состојбите во филмската индустија по нејзиното избувнување. На почетокот беше многу тешко многу снимања се откажуваа, но со текот на времето и почитувањето на протоколите состојбите се такви што некои земји бележат и хиперпродукција во филмската индустрија, вели потпреседателката на ИМАГО.
„Мислам дека тоа се должи на појавување на што повеќе платформи за снимање на филмски серии. Во моментов тие се во подобра положба во однос на филмовите, но мора да кажам дека се снимаат и завиден број на филмови“, вели Бојана Андриќ, потпретседателка на ИМАГО.
Смета дека младите филмски имиња им даваат нов белег на македонските филмски остварувања. Членувањето во оваа тридецениски стара светска асоцијација носи низа придобивки, велат домашнивте филмаџии.
Еднодневната балканска конференција заврши со заклучокот за обединување во борбта за остварување на заедничките права и насоки за спроведување на планираните новини во интерес на филнските работници.
Стевче Митревски
