Њујорк

Пендаровски: ЕУ треба да ја држи вратата отворена

21.09.2021 09:14

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20-от состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржа на маргините на 76-то Генерално собрание на Обединетите нации...

Иднината на Западниот Балкан е во Eвропската унија. ЕУ треба да ја држи вратата отворна не само за европските критериуми за демократија, владеење на правото, борбата против корупцијата, туку и за можноста од користење на евентуалниот вакум од страна на надворешни фактори, кои промовориаат геополитички концепти, кои не се базирани на општите европски вредности – порача претседателот Пендаровски на 20-от состанок на високо ниво во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“ во Њујорк.

Шефот на државата дециден - одржувањето на перспективата за членство во Унијата е клучниот двигател за реформите, обезбедување долгорочна стабилност, мир и просперитет во регионот. Истакната и важноста на односите меѓу Европската унија и САД.

Претседателот Пендаровски в четврток, ќе се обрати на дебатата на 76-та сесија на Генералното собрание на ООН.