МОН: Повторно активни конкурсите за стипендии за ученици запишани во дуални паралелки и во тригодишно средно стручно образование

21.09.2021 09:21

Се доделуваат преостанати 900 стипендии од оваа категорија, откако со првичниот конкурс не беа распределени сите 1.500...

Во насока на целосна распределба на фондот на ученички стипендии предвидени за оваа учебна 2021-2022 година, Министерството за образование и наука објави повторени конкурси за доделување на стипендиите наменети за ученици кои се запишани во дуални паралелки и за стипендиите за ученици запишани во тригодишно средно стручно образование.

Се доделуваат преостанати 900 стипендии од оваа категорија, откако со првичниот конкурс не беа распределени сите 1.500. Можат да аплицираат редовни ученици запишани во дуални паралелки, кои не повторувале година, не се корисници на стипендија од друг давател и се државјани на Република Северна Македонија.

Предвидено е да бидат доделени 390 стипендии и тоа за редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење, кои се државјани на Република Северна Македонија, немаат повторувано година во текот на образованието и не се корисници на стипендија од друг давател.

Инаку во првичниот конкурс за овој тип на стипендии беа предвидени вкупно 500.