Лиценци за проценители на тутун
За да можат да бидат присутни на секоја вага за време на откупот на тутунот, проценителите мора да имаат лиценци. Пријавувањето за испитот ќе трае до 4-ти октомври, а полагањето и проверката на стручноста ќе се врши во Институтот за тутун во Прилеп.
Почнува пријавувањето за полагање на испитите за добивање на лиценци за проценка на тутунот. Крајниот рок за поденсување на документите е до 4- ти октомври.
Пред полагањето на испитот заинтересираните кандидати мора да посетуваат обука и да добијат потврда од Институтот за тутун во Прилеп.
Проверката на знаењето и стручниста е закажана во период од 18-ти до 22-ри идниот месец во зависност од пријавените кандидати и согласно протоколите за Ковид- 19.
Кандидатите мора да имаат завршено најмалку средно училиште.
Оние кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование, а конкурираат за проценители, треба да се производители на тутун најмалку во последните пет години и треба да достават документ или потврда за откуп на тутунот од претпријатието со кое склучувале договори.
Според Законот, на секоја вага покрај производителот, мора да има и по еден проценител од страна на откупувачот и еден од тутунско здружение.
Комисијата за мострите во ноември треба да ги достави примероците по што монополите ќе можат да ги отворат вратите за превземање на родот.
Методија Трајков
