Попис 2021

Попишани вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови

21.09.2021 10:17

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.742 лица.

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.742 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, кој официјално започна на 5-ти септември ќе трае до 30-ти септември.