Свечено затворање и доделување на наградите на ИФФК „Браќа Манаки“

21.09.2021 10:29

Одлуката за награди ја донесе жирито во состав: Филип Бергсон, Вим Ванакер, Суки Меденчевиќ, Соња Просенц и Димо Попов, а дизајнер на наградите е Димитар Филиповски.

Со доделувањето на фестивалските награди, вечерва во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот, свечено ќе биде затворено 42-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Одлуката за награди ја донесе жирито во состав: Филип Бергсон, Вим Ванакер, Суки Меденчевиќ, Соња Просенц и Димо Попов, а дизајнер на наградите е Димитар Филиповски.

Изминативе денови публиката можеше да погледне десет долгометражни и десет кратки филмови, но и да ужива во богатата понуда на Оф- програмата.

На последниот ден од Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Титаниум“, во режија на Џулија Дукурно, кинематографер- Рубен Импенс.