Вугринец ќе игра против Грција

27.03.2014 18:25

Извршниот комитет на Светската ракометна федерација ( ИХФ) му даде зелено светло на Ренато Вугринец да игра за репрезентацијата на Македонија, информираше РФМ.

Значи, ракометарот на Металург кој е во одлична форма и пред неколку дена беше предводник во победата над Колдинг во осминафиналето од ЛШ, ќе биде во составот на нашата селекција намундијалскиот бараж двомеч против Грција.

„По темелното толкување на играчкиот правилник, констатирано е дека Вугринец ги исполнува сите барани услови за да може да настапува за Македонија. Одлуката е ефективна веднаш“, стои во дописот на ИХФ до РФМ.

39-ет годишниот Вугринец кој доби македонски пасош, требаше да настапи за Македонија и на ЕП во Данска на почетокот на годината, но вето на таа одлука на ИХФ стави претседателот на ЕХФ па случајот беше вратен во Виена.

Тој ќе биде драгоцено засилување во бековската линија и одлична подршка за капитенот Кире Лазаров, на дефицитарната десна бековска позиција во репрезентацијата.